Блерим Беџети верен на Али Ахмети

0
48

Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети продолжува да им останува верен на ДУИ и Али Ахмети.

 Во врска со најновите вести во јавноста дека Беџети може да мисли и да дејствува надвор од линијата на Ахмети, негов роднина за порталот на Албански јазик Фол.мк вели дека тој од почетокот до крајот на неговата политичка кариера бил и ќе остане лојален на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Извори велат дека Блерим Беџети отворено го покажувал своето незадоволство околу назначување на некои функционери, а  понекогаш и не се согласувал со вакви одлуки, но кога Али Ахмети ќе донесе последна одлука сè ќе завршело.

Од друга страна, како што дознава Фол.мк, Блерим Беџети ќе се кандидира за уште еден мандат за градоначалник на Сарај, бидејќи во овие четири години реализирал многу проекти во интерес на граѓаните. / Фол.мк /