Бугарија преговара со Германија и Франција за позајмување вакцини, во Србија пристигаат руските, во Македонија не се знае кога ќе пристигнат

0
66

Премиерот Бојко Борисов соопшти дека Бугарија во моментов преговара со Германија и Франција за позајмување вакцини, јави ТВ Нова, пренесува дописникот на МИА од Софија.

-Тие доцнат со вакцинацијата или луѓето, и за разлика од Бугарија, немаат редици за вакцинација. Нека ни позајмат сега, за да не го прекинуваме планот, затоа што гледате – тие истекуваат, застануваме ден-два, тие доаѓаат, веднаш започнуваме повторно. А ние веќе плативме 18.500.000 вакцини, и кога ќе ги добиеме -тогаш ќе ги вратиме “, рече Борисов.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа на аеродромот „Никола Тесла“ го пречека новиот контингент со руски вакцини „спутник В“. Уште 100.000 дози на руската вакцина „спутник В“ пристигнаа со авион на „Ер Србија“.

 

Денеска тие вакцини ќе бидат дистрибуирани до центрите за вакцинација во земјата.

Инаку откако Министерството за здравство го повлече авансот за кинеските вакцини, премиерот Зоран Заев денеска кажа дека тоа е направено додека да се добие одговор од кинеското Министерство за надворешни работи.

-Не можеме да дозволиме пари да останат на лежат, затоа го повлековме авансот додека добиеме одговор. Денес очекуваме одговор на МНР на Кина за да ја продолжиме постапката. Денови се во прашање кога ќе стигнат вакцините. Не можеме да кажеме точен датум кога ќе стигнат. Никаде во светот никој не може да каже оти има надостаток”, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање на презентацијата на проектот за реконструкција на Универзална сала.