Бугарска организација го зема Скопје како пример: „За разлика од Софија, таму инвестираат во вело-патеки“

0
79

Непрофитната организација „Спаси ја Софија“ (Спаси София) како пример го зема Скопје кога се во прашање велосипедските патеки.

Тие наведуваат дека Скопје, за разлика од Софија, инвестира во вело-патеки, додека во главниот град на Бугарија, во центарот се паркираат и камиони.

„Годишно се прават 15 километри вело-патеки во Скопје. Тамошната велосипедска мрежа веќе е долга над 100 километри, а општината дава и субвенции за велосипеди.

Софија не прави апсолутно ништо за да ја развие велосипедска мрежа и да го стимулира најеколошкиот и најевтиниот транспорт.

Скопје има петпати подолга вело-патека од Софија, што покажува дека оправдувањата како немање капацитет, простор и климатски услови се неосновани“, се вели во објавата на организацијата.