ВАТИКАН: НЕ ЗНАЧИ НЕ, ЗА ГЕЈ БРАКОВИ

0
19

Обемниот документ објавен од високата Конгрегација за доктрината на верата, е одговор на прашањето од свештенството дали црквата „има моќ да благослови заедница меѓу лицата од ист пол“. Не е јасно кој точно го поставил прашањето, меѓутоа Гардијан пишува дека периодов австриската и германската филијала на католичката црква се повеќе даваат поддршка на геј браковите.

Меѓу останатото во одговорот од Ватикан се наведува:

– Благословувањето на хомосексуалната заедница не може да се смета за законско.

– И дека таквото благословување би одобрило и охрабрило избор на начин на живот кој не може да биде признаен.

Меѓутоа во истиот овој документ Ватикан не се откажува од своите хомосексуални верници, објаснувајќи дека „христијанската заедница и нејзините свештеници мора со почит и чувствителност да им посакаат добредојде на лицата со хомосексуална наклоност.“

Освен свештенството ова прашање ги интересираше и милионите ЛГБТ католици низ светот, кои заради имиџот на актуелниот Папа некако се надеваа дека тој ќе го смени долгогодишниот став на црквата кон геј правата.