Велигденскиот пост е најтежок – Што не смееме да јадеме

0
17

Првата недела од велигденскиот пост кој е голем и тежок пост, се вика Чиста недела, а целта е прочистување на телото и душата.

Велигденскиот пост опфаќа 7 недели, односно 7 седмици. Трае 48 дена, од Прочка до Велигден. Тој е и телесен и духовен пост.

Се пости на вода, освен во сабота и недела, кога се дозволува масло и вино. Риба се јаде само на Благовец и на Цветници.

Постот значи да се воздржиме од јајца, месо, млеко, млечни производи.

Ако е човекот болен, слаб и немоќен, може да добие благослов, да пости со зејтин, млеко и риба. Тоа се однесува и на малите деца до 7 години, но и на длабоката старост.