Видео) Бристол гореше: Скршени ребра на полицаец

0
25

Двајца полицајци завршија со скршена рака, односно репбра, а најмалку две полициски возила се запалени, во насилствата што избија на протестот против ограничувањата на демонстрантите собрани во Бристол.

Илјадници се собраа во неделата во центарот на овој англиски град, игнорирајќи ги епидемиолошките мерки, за да протестираат против законот со кој полицијата доби нови овластувања да ограничува улични протести.

 

Полицијата наведува дека протестите почнале мирно, но дек аподоцна помала група од собраните предизвикале насилства, пренесе Ројтерс.

Повредените полицајци се пренесени во болница, од кои едниот е до скршеница на раката, а другиот има скршени ребра.

 

Објектите околу полициската станица во центарот на градот се вандализирани.

Некои демонстранти фрлале факели на полицајците, се обиделе да превртат полициско комбе, а се качувале и по ѕидовите на полициската станица и испишувале графити.