ВИДЕО: Плинска боца експлодираше во викендичка во Матејче – три лица се на интензивна нега на Клиника, а тројца во Градска болница

0
15

Плинската боца експлодираше во викендица во селото Матејче во општина Липково, информира ТВ21.

Според првичните информации повредени се 6 лица на возраст од 30 до 40 години.

Од кумановската болница за ТВ21 велат дека 3 лица се на интензивна нега, односно пластична хирургија и 3 во градската болница.

Несреќата се случила во викендица, надвор од селото.