Видео) Присилно се урива нелегално изградениот објект под скопско Кале

0
19

Секторот за инспекциската работа при Општина Центар, со механизација денеска го отстранува нелегално градениот објект на улицата „Лазар Личеноски“ бб лоциран под скопско Кале.

„Се отстранува градба на улица „Лазар Личеноски“ бб во Општина Центар, објект кој се наоѓа веднаш под Калето. Инвеститорот на објектот не постапил по претходното издаденото решение за самостојно отстранување на објектот и согласно член 59 и член 134 став 1 од Законот за градење и член 24 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, Општината пристапи кон присилно отстранување“, соопштија од прес-службата на Општина Центар.