ВИДЕО: Средба на премиерот Заев со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски

0
18

Во Клубот на пратеници во Скопје започна лидерската средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на која како што беше најавено, ќе разговараат за претстојниот попис, работата на Парламентот, изборите, пандемијата, економијата, евроинтеграциите…

Ваквата средба следува откако Мицкоски го повика Заев на средба за да разговараат за кризата со пандемијата, работата на Парламентот, за пописот, економијата, евроинтеграциите, изборите, а истата беше прифатена од премиерот.