Трагедија утрово го потресе Гостивар – пожарникарите изнеле безживотно тело на дете од зграда, жена се бори за живот

0
26

Во пожарот кој што се случил утрово во осум часот во станбена зграда во Гостивар, едно дете починало, а една жена е во животна опасност пренесена во гостиварската болница.

Според очевидците и станарите на зградата од пожарот кој се случил утрово почнал да се шири чад, а станарите од зградата на улицата „Кеј Вардар“ веднаш почнале да се евакуираат.

Пожарникарите изнеле безживотно тело на дете и жена на 35-годишна возраст, а и двајцата веднаш биле пренесени во градската општа болница во Гостивар.

На ургентното одделение во болницата била констатирана смрт на детето која што неофицијално настанала поради задушување, додека пак жената е во животна опасност.