Владата на Заев повторно ја доби довербата на пратениците

0
62

Собранието изгласа доверба на Владата, со 62 гласа „за“. Немаше пратеници коишто беа „против“ или „воздржани“. Опозицијата не присуствуваше на гласањето, иако изминатиот период беа се погласни во барањето на оставка на Владата. Премиерот Зоран Заев претходно усно побара од пратениците да се изјаснат за доверба на Владата, користејќи го ваквото право, согласно Уставот и собранискиот деловник.

„Ред е да се соочиме и расчистиме, да го видиме на дело толку најавуваното мнозинство од опозицијата која наводно ќе ја падне оваа влада. Ова е моментот кога ќе покажеме пред граѓаните колку има вистина од опoзицијата. Да видиме за што станува збор – стабилна власт со стабилно мнозинство или разнишана опoзиција. Мора да е едното од двете, ако не и двете заедно“, рече Заев пред пратениците. Ваквиот повик се случи откако се одблокира парламентот, кој изминатиов период не можеше да функционира поради отсуство на дел од пратениците од седниците, но и по повиците на опозицијата за оставка на Владата и најавите за наводно формирање на ново мнозинство. Повикот на Заев денеска во парламентот го слушнаа сите 62 пратеници од владејачкото мнозинство.