Власта повторно снема мнозинство во Собранието

0
142

Откако вчера Собранието му изгласа доверба на премиерот Заев, денеска повторно нема мнозинство за гласање во Законодавниот дом. Пратениците само расправаат по точките кои се на дневен ред откако вчера успејаа да го изгласаат, а дополнително ќе договорат термин за гласање на законските измени. Според најавите, пратениците во Собранието ќе се собереле на 9 март само да го гласаат се она што денеска додека нема мнозинство за гласање ќе го поминат како расправа. За расправа на власта не и треба кворум бидејќи штом таа ќе се изгласа дневниот ред, бројот на пратеници во салата не е важен.

Тоа практично ќе треба да биде уште еден ден како тој вчера кога во Собранието ќе бидат сите пратеници на мнозинство. А тие се ретки во овој па и во претходниот мандат на собранискиот состав.

Но иако нема седници, патни трошоци редовно се исплаќаат па за 5 месеци, пратениците ни потрошиле над 120.000 евра.