ВМРО-ДПМНЕ: БРУТАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДРЖАВНИТЕ РЕСУРСИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО СДСМ

0
20

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ организирала  избори, преку брутална злоупотреба на партиските и државни ресурси за партиски цели. Според нив училниците наместо за учење се користат за партиско гласање.

„СДСМ вчера само глумеше непосредни, демократски избори за избор на лидер на партијата на кои никој од СДСМ не смееше да му се спротивстави на заев“- велат од опозициската партија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека министерката за образование треба да понесе одговорност бидејќи вчера и овозможила на сопствената партија да ги спроведе изборите за претседател низ училиштата ширум државата. Според него, Мила Царовска треба да поднесе оставка.