ВМРО-ДПМНЕ ПРЕДЛАГА ПРАТЕНИЦИТЕ ДА ИМААТ САМО МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО

0
44

 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со амандмани за измани во Законот за пратеници со кој ќе бараат сите пратеници вклучително и оние кои се дел од актуелниот пратенички состав да имаат само македонско државјанство.

Ова го соопшти денеска на пресконференција кординаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески откако вчера министерот за одбрана на Бугарија Каракачанов објави имиња на македонци со бугарски пасоши, за што опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека Каракачанов шири невистини и неточни информации.

Владејачката СДСМ пак вели дека ќе ги подржат овие измени на Законот за пратеници и тоа да почне да важи час поскоро .

За разлика од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, пак партиите од албанскиот блок сметаат дека овие предлог измени на законот за пратеници можат да предизвикаат селективност. Првиот вицепремиер Груби пак смета дека ова законско решение ќе падне на уставен.

Од Алијансата и Алтернатива иако го немаат видено се уште законот велат ќе го блокираат додека не се одблокира Законот за државјанство кој пак е затрупан со амандмани од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, а потоа велат спремни се да дискутираат.

Прашањето за измени во Законот за пратеници го отвара опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако вчера во соседна Бугарија предизборно Каракачанов објави листа на македонски имиња кои поседуваат бугарски пасош.

На листата се најдоа имиња слични или исти како на некои македонски политичари, а за тоа дел од функционерите, но и политичарите опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавија и поединечни тужби против Каракачанов.

24 ВЕСТИ