Име Вести Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ се главните блокаторите во Собранието

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ се главните блокаторите во Собранието

0
16

Уште еднаш докажаа дека не им се важни ниту граѓаните, ниту стопанството.

Единствени кои ја кочат работата во Собранието се СДСМ и ДУИ.

Без никаков срам ја обвинуваат опозицијата кога вчера пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието предложи да се закаже посебна седница на која ќе се разгледаат законите поврзани со финансиските мерки поврзани со корона пандемијата и да поминат законите од петтиот пакет на мерки. Но овој предлог беше одбиен од страна на власта.

Доколку им беше навистина грижа за граѓаните немаше да го одбијат овој предлог експресно да се донесат овие закони.

Тие го користат овој пакет закони бидејќи знаат дека немаат кворум, нешто што е нивна обврска, туку сакаат да ја искористат опозицијата да им обезбеди кворум и да протуркаат штетни закони за кои треба да се дебатира.

Со тоа што власта во Собранието го одбие овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ јасно е кој е блокаторот и на кој не им е важно здравјето на граѓаните и на стопанството.

Власта уште еднаш докажа дека поважно им е да профитираат во оваа здравствена и економска криза.

Потребни им е да им се стави крај на ваквите погубни политики на СДСМ. Граѓаните не го заслужуваат ова зло кое СДСМ им го прави.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ