Возач од Кичево настрада во вчерашната сообраќајна несреќа кај Охрид

0
21

Како што соопшти СВР Охрид, несреќата се случила вчера во 18:05 часот, кога дошло до судар на патничко возило „фолксваген бора”, со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И., и товарно возило „цитроен џампер”, со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот Б.М. од скопското село Долни Сарај.

– На местото на незгодата починал возачот С.И., додека со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот во возилото „фолксваген бора”, 40-годишниот Д.К. од Кичево, и возачот Б.М., констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо” во Охрид. На местото на незгодата увид извршија полициски екипи, судски вештак и Јавен обвинител, по чија наредба ќе биде извршена обдукција врз починатиот, информираат од СВР Охрид.