Во масакрот во Колорадо е убиен и полицаец, татко на седум деца (ВИДЕО)

0
27

Десет лица се убиени вчера во пукање во продавница во градот Болдер, во американската држава Колорадо, што е втор масакр во САД за помалку од една недела.

Шефот на полицијата во Болдер, Марис Херолд потврди дека десет лица загинале во нападот врз продавницата Кинг Соуперс и дека меѓу нив е и 51-годишниот полицаец Ерик Тали, кој прв реагирал на повикот за пукањето.

Шефот на полицијата Марис Херолд рече дека убиецот е во притвор, сепак нема информации за неговиот идентитет, видот на оружјето или можниот мотив.

Ова е второ масовно пукање во САД во изминатата недела, по пукањето во локалниот салон за масажа во Атланта, во кој загинаа осум лица минатиот вторник, вклучувајќи шест жени со азиско потекло.

Сè се случило вчера во 14.30 часот по локално време (21.30 часот по срдноевропско време), кога убиецот влегол во супермаркет и започнал да пука.

Купувачите и вработените во продавницата изјавиле дека се криеле и бегале на сигурно додека траело пукањето.

Локалната полиција ги предупреди луѓето да ја избегнуваат областа и да не објавуваат никакви „тактички“ информации на социјалните мрежи.

“Бевме на билетарницата и слушнавме истрели. Не можев да помогнам никому”, изјави за Би-Би-Си сведокот Сара Мунсхадоу, која заедно со нејзиниот син била во продавницата.

Рајан Боровски, кој исто така бил во продавницата, за Си-Ен-Ен изјави дека не може да верува што се случило во неговиот град.

„Се чинеше дека ова е најбезбедното место во Америка и скоро ќе загинев затоа што отидов да купам сок и чипс“, изјави тој за Си-Ен-Ен.

Очевидци изјавија дека убиецот бил вооружен со пушка. Извор од полицијата за Си-Ен-Ен изјавил дека станува збор за полуавтоматска пушка АР-15, користена во неколку масовни пукања низ САД.

Видеата емитувани од локалните телевизиски станици покажале како брадест човек во боксерки е врзан со лисици од продавница и внесен во брза помош. Според тие снимки, се чини дека осомничениот имал крвава нога.