Во недела пристигнуваат првите вакцини за масовна вакцинација

0
15

В недела во земјава ќе стигнат 24.000 дози од вакцината „АстраЗенека“ преку Ковакс механизмот, објави вечерва министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил. Со тоа, како што најавија властите, треба да почне вакцинацијата на населението. Досега во Македонија вакцинирани се само дел од медицинските лица.

Ова се први вакцини кои земјава ги добива преку Ковакс механизмот. Досега добиени се само само 8.000 дози на компанијата „Фајзер“ од Србија и 3.000 од договорот на владата за руската вакцина „спутник“.