Во Порече непроодни патишта и повеќе села без струја

0
23

-Во Поречијата снегот кој врне повеќе од 24 часа, им создаде многу проблеми на жителите од овој регион. Така денес непроодни се патиштата до ридско-планинските села, каде висината на снежната покривка изнесува до 50 сантиметри. Засега блокирани се селата Инче, Рамне, Лупште, Звечан, Бенче Горно и Долно Ботушје, Горно и Долно Крушје, Заград, Косово, Брест, Брезница или до триесетина села, може да се стигне единствено со градежна машина. Покрај високиот снег, проодноста на патиштата ја отежнуваат и скршени гранки паднати или надвиснати над патишта. Како што се планира од општината, овие патишта ќе почнат да се чистат во текот на утрешниот ден, изјави Миле Стојкоски од ЦУК Македонски Брод.

Покрај непроодните патишта проблем претставува и немањето на електрична енергија, поради паднати електрични столбови или надвиснати гранки над електричната мрежа.

-Од ноќеска дел од селата во Порече немаат струја. Дефектот го предизвика лепливиот и кашест снег, кој придонесе повеќе електрични столбови да паднат, а гранки и цели стебла да се надвиснат над електричната мрежа. Во текот на денот екипи од ЕВН се излезени на терен и се очекува до вечер повеќето села ќе добијат електрично напојување, додаде Стојкоски и појасни дека денеска се чисти снегот во општинскиот центар и поблиските села до Македонски Брод.