Во Скопје почна вакцинирање со руските вакцини

0
55

Во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје денеска почнува вакцинацијата против Kовид-19 со руските вакцини „Спутник“. Во поликлиниката Букурешт, пак, почнува ревакцинацијата со вторите дози од вакцината на „Фајзер“.

Вакциналните пунктови и во двете поликлиники ќе работат во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота.

Поради проширувањето на ковид капацитетите и актуелната состојба, вакцинацијата продолжува со здравствените работници кои се под висок ризик за добивање ковид инфекција, од сите институции во државата – соопштија од Министерството за здравство.