Во Турција се осудени пет лица на доживотен затвор за убиството на рускиот амбасадор

0
106

Судот во Анкара осуди пет лица на доживотен затвор за атентатот во 2016 година на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов.

Судот го прогласи Салих Јилмаз за виновен за тоа што му наредил на Мевлут Мерт Алтинтас да го убие Карлов, осудувајќи го на две доживотни затворски казни.

Саин Согут, кој се смета за организатор, доби иста казна, пренесе ТАСС.

Други тројца обвинети се осудени на по една доживотна казна затвор за вмешаност во атентатот.

Обвинителството во Анкара поднесе обвинение во ноември 2018 година.

Првото рочиште се одржало на 8 јануари 2019 година.

Карлов беше убиен на 19 декември 2016 година, за време на говор на отворањето на изложба на фотографии во Анкара.

Мевлут Мерт Алтинтас тогаш беше убиен.Руското Министерство за надворешни работи го оцени инцидентот како терористички напад.

Денеска руското Министерство за надворешни работи соопшти дека се задоволни од изречените пресуди