ВРЗАНО СО СИНЏИР БИЛО 7-ГОДИШНОТО ДЕТЕ ШТО ЗАГИНА ВО ПОЖАР ВО СТАН ВО ГОСТИВАР

0
19

Врзано со синџир било 7-годишното дете што денеска загина во пожарот во стан во Гостивар, соопшти Обвинителството. „Првичните сознанија на лекарскиот тим на лице место упатуваат на тоа дека детето за време на пожарот било врзано со ланец на нозете. Според исказот на семејството, причина за врзувањето било што детето било агресивно. Обвинителството ги презема сите дејствија за утврдување на евентуална кривична одговорност“, соопшти Обвинителството.