Вучиќ: Бараме начин да им помогнеме на С. Македонија и Црна Гора со вакцините

0
18

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија бара начини дополнително да им помогне на Северна Македонија и Црна Гора со вакцинирање на населението.

„За мене е важно луѓето да бидат задоволни и делумно заштитени“, изјави Вучиќ откако викендов голем број на граѓани од регионот, меѓу кои и од Македонија, допатуваа во Белград, Ниш и Врање за да добијат вакцина, поради недостаток од вакцини во матичните земји.

„Сега ја примија првата доза, а кога ќе ја добијат и втората, тие ќе бидат заштитени од тешка форма на вирусот и евентуална смрт, или барем во 99 проценти од случаите. Тоа е она што можеме да го направиме“, изјави Вучиќ одговарајќи на прашањето дали е горд што медиумите во регионот пишуваат дека вакцинирањето на луѓе од земјите од Западен Балкан е организирано во Србија.

Тој не разбира како може некој да критикува оти странски државјани допатувале во Србија поради вакцинирање.

Вучиќ рече дека Србија не може да биде спасена, ако се загрозени соседите.

„Ние не сме пуст остров, живееме заедно со другите“, рече српскиот претседател.