В среда ќе почне масовната имунизација – Докиќ: Бидете повнимателни за едно ниво повеќе

0
18

Салата Борис Трајковски утре ќе биде подготвена за масивната вакцинација со 30 пункта каде на располагање на граѓаните ќе бидат лекари и медицински сестри од Здравствен дом Скопје. Освен 24 илјади вакцини од АстраЗенека и 3 илјади дози од Спутник кои стигнаа синоќа во РСМ,министерот за здравство Венко Филипче најави и многу други дополнителни вакцини. До крајот на април треба да пристигне втората количина од АстраЗенека како и вакцините од кина и Фајзер, рече Филипче.

Министерот Филипче ги замоли граѓаните кои се вакцинирале во Србија да внимаваат бидејќи, како што вели антителата или имунитетот ќе се формира по три недели. Тој вели дека граѓаните кои се вакцинирале надвор од земјава, втората доза од АстраЗендека ќе ја примат во нашата земја по три месеци.

Вината за влошувањето на ситуацијата со Ковид-19 лекарите ја префрлуваат на британскиот сој. Според докторот Дејан Докиќ, граѓаните треба да внимаваат, да продолжат со носење на маски, дистанца и дезинфекција.

Докиќ заборуваше и за нус појавите на вакцините, како што се оток на местото каде се прима вакцината, замор, покачување на телесната температура, болки во телото, но додаде дека се случуваат ретко и не треба да се плашиме.

Засега нема да има дополнителни мерки велат од Министерство за здравје. Според Филипче, полицискиот час го дава потребниот ефект и благодарение на тоа состојбата во неколку општини е стабилна