Ги оставил мигрантите во возило и бегал од полицијата: Приведен криумчар на луѓе

0
79

На автопатот од Скопје до Гевгелија е  уапсен криумчар на мигранти, кој кога ја видел полицијата се обидел да избега оставајќи го возилопт во ке имало 25 мигранти.

На автопатот Скопје-Гевгелија, во близина на Миравци, денеска возач на возило „цитроен џампер“ со скопски регистарски ознаки, откако видел полициска патрола го оставил возилото и избегал – соопштија од МВР.

Од МВР наведоа дека при контрола во возилото биле пронајдени 25 лица – мигранти, а по преземени мерки, возачот бил пронајден и лишен од слобода.

Се работи за лицето У.Р.(20) од Чучер Сандево – Скопје. Известен е јавен обивнител и по целосно документирање на случајот против У.Р. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава – инфомираат од МВР.