Дадилка му давала лекови за смирување на четиримесечно бебе

0
27

Бебиситерка е уапсена во Белград откако се утврдило дека на четиримесечно бебе му дала поголема количина на „беседин“, лек за смирување. Инцидентот се случил пред две недели, а С.Ц. денеска е прогласена за непресметлива, што значи дека наместо на судење, ќе заврши на лечење.

По налог на Првото основно обвинителство на Белград направено е психијатриско вештачење кое покажало дека жената е непресметлива. Затоа Обвинителството на судот му предложило на дадилката да му се одреди мерка – задолжително лечење.

Обвинителството ги сослушало сите сведоци – родителите на детето и личноста што им ја препорачала дадилката, а се чекаат само токсиколошките резултати од труењето на бебето.

Бебето е во добра состојба.