Двајцата сопружници кои се вратија од Занзибар го имаат британскиот сој на ковид-19

0
63

Анализите направени во лабораторијата во МАНУ покажаа дека двајцата сопружници кои се вратија од патување во Занзибар и се ковид-позитивни го имаат британскиот сој на вирусот. Засега, во земјава сè уште не е потврдено дека јужноафриканската варијанта е присутна. „Според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот од другиот пациент кој пред неколку дена се врати од Занзибар, детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2“, информираат денеска од Министерството за здравство.