Девојка со нож нападнала соученик во средно училиште во Струга

0
18

Ученичка во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга со нож нападнала соученик во дворот на училиштето, соопшти денеска СВР Охрид.

Портпаролот Стефан Димоски информира дека настанот се случил вчера околу 9 часот.

– А. М. (19) од струшкото село Долно Татеши, ученичка во училиштето „Нико Нестор“ со остар предмет го нападнала соученикот Е. К. (19) од Струга. Таа е повикана на разговор во полициската станица и по целосно расчистување на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријавa, изјави Димоски.