Дестани апелира до дијаспората: Регистрирај се, тоа не е само граѓански акт, туку и национален акт!

0
26

Албанскиот филантроп Лазим Дестани преку објава на социјалната мрежа Фејсбук упати денеска апел до албанската дијаспора во Северна Македонија, да учествува во процесот на попис.

Дестани, кој е исто така член на Советот за координација на дијаспората, побара од дијаспората да биде секогаш подготвена и активна во одбраната и унапредувањето на националната кауза.

„Да бидеме внимателни дури и сега во овој историски момент, кога секој од нас, грижејќи се за своето семејство и имотот, ќе докаже дека знаеме како да се грижиме за уделот што ни припаѓа во нашиот заеднички дом“, кажа.