Детали околу функционирањето на идниот Национален парк Шар Планина

0
63

Законот за прогласување на Шар Планина за национален парк предвидува и дополнителни активности што треба да ги превземат институциите на земјата. Ќе се формира институција „Национален парк“

Откако Собранието ќе го одобри законот, Владата ќе треба да формира институција „Национален парк“ во рок од 3 месеци за која ќе бидат обезбедени средства од државниот буџет. Исто така, ќе се создаде чуварска служба за спроведување на заштитата “, рече министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини

Предвидено е и составување на планот за управување, кој ќе ги дефинира активностите што мора да бидат одобрени во рок од една година од донесувањето на законот. За ова, како што рече Нуредини, веќе се обезбедени меѓународни фондови.

30 села на Шар Планина ќе бидат во состав на заштитеното подрачје