ДИЖС: Казни за горење трска и насипување земја на струшкото крајбрежје

0
41

Инспектор од Државниот инспекторат за животна средина, по дојава на Министерството за внатрешни работи, на 5 март направи контрола на запалена трска на струшкото крајбрежје на потегот кон с. Калишта, информираат од таму.

„Оваа нелегална активност на палење трски, со цел формирање плажи или платформи на крајбрежјето, е честа во март и април. Со цел да се спречи оштетување на природното наследство – Охридското Езеро и крајбрежјето од палењето трски, Државниот инспекторат за животна средина на 12-ти март иницираше соработка со општина Струга и Одделението за внатрешни работи (ОВР) во Струга. Началникот на ОВР Струга ќе ги зајакне патролите и во соработка со Државниот инспекторат за животна средина ќе се изрекуваат казни за сопствениците на парцелите што граничат со државно земјиште на кое е запалена трска. Началникот извести и за насипување земја на крајбрежјето и во самото езеро во близина на изгорените трски,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека Државниот инспекторат ќе покрене кривична пријава против познат сторител за „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи”, врз основа на посетата на терен и документацијата од истрагата што е спроведена од страна на ОВР Струга.