Добри вести од Тетово, 80 лица оздравени а три се заразиле во последните 24 часа. Детали каква е состојбата со вирусот во земјава

0
85

Во последните 24 часа на национално ниво, од 3.323 извршени тестови, регистрирани се 721 нов случај на вирус. Во меѓувреме, Институтот за јавно здравје објави дека се излечени 1753 пациенти. Додека битката со вирусот ја изгубиле 9 пациенти.

Од почетокот на пандемијата, во нашата земја се регистрирани вкупно 105.269 случаи, од кои 93.942 се оздравени, а 3.165 починале. Во земјата во моментов има 8.162 активни случаи.

Најпозитивното салдо во последните 24 часа го забележа Скопје со 750 оздравени лица, но бројот на заразени останува голем околу 350 Тетово има уште пооптимистички биланс, со 80 оздравени и 3 заразени лица.

Сепак, лекарите апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и да не се релаксираат,