Додик: Или БиХ достојно ќе го почитува Дејтонскиот договор или ќе следува отцепување

0
76

Претседателот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави дека БиХ или доследно ќе ги почитува одредбите од Дејтонскиот мировен договор или ќе се раздели мирно, бидејќи трето не е можно. Тој рече дека е потребно оние кои се директно засегнати, а тоа се БиХ, Србија и Хрватска, како и субјектите на Федерацијата БиХ и РС можат да побараат назначување на висок претставник на меѓународната заедница кој би бил именуван во согласност со релевантните резолуции на Советот за безбедност. Коментирајќи ги најавите дека наскоро ќе биде назначен нов висок претставник за БиХ, Додик оцени дека според пропишаната постапка досега е легално избран само Карл Билд.