Доктор физички нападнал медицинска сестра на Гинекологија

0
65

Утрово се случил инцидент во Гинекологија во клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Медицинска сестра пријавила во полиција доктор кој ја нападнал во амбуланта.

На 06.03.2021 во 07.00 часот во СВР Скопје, С.С.(29) од Скопје пријавила дека околу 05.45 часот во амбулантата на Гинекологија на Комплекс клиники„ Мајка Тереза“ додека била на своето работно место како медицинска сестра по претходна расправија била физички нападната од Т.М.(33) од Охрид, вработен како доктор. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.“, се вели во соопштението на МВР.