Драма во гостиварската болница: Син нападнал вработена и кршел инвентар откако мајка му починала

0
133

Во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ вчера околу 15 часот за укажување на лекарска помош била примена 78-годишната И.Р. од гостиварско Сенокосе, која за кусо време починала на Интерното одделение.

-Набрзо потоа, нејзиниот 51-годишен син Б.Р. физички нападнал вработена во ова Одделение и агресивно се однесувал, удирајќи по инвентарот во внатрешноста на просториите, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.