Државниот врв побара од кинескиот министер за одбрана побрза испорака на вакцините против ковид

0
17

Побрза испорака на вакцините против ковид побара денеска државниот врв од кинескиот министер за одбрана, генералот Веи Фенгхе, кој престојува во официјална посета на Македонија.Фенгхе денеска беше примен од министерката за одбрана Радмила Шекеринска, од премиерот Зоран Заев и од претседателот Стево Пендаровски

Шекеринска му се заблагодарила за поддршката во справувањето со последиците од пандемијата и донациите во вредност од околу 250.000 долари и ја искористила можноста

за да побара од министерот Фенгхе побрза испорака на кинеските вакцини во нашата земја.

Кинескиот министер за одбрана кажал дека „70 земји во светот ја одобриле употребата на кинеските вакцини и дека во Кина се вакцинирани 100 милиони луѓе. Тој најавил дека ќе се заложи за побрза испорака на кинеските вакцини во Македонија, како и можност за поддршка на македонската Армија со кинески вакцини.

Премиерот Заев на средбата посебно се задржал на економската соработка меѓу двете земји и изрази надеж дека набргу ќе завршат разговорите за укинување на визите со што ќе се постигне уште еден значаен чекор за уште поголем раст на трговската соработка, како и за интензивирање на соработката во туризмот.