Европска комисија : Од април очекуваме 100 милиони дози месечно

0
94

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен очекува дека снабдувањето со вакцини против коронавирусот од април може двојно да се зголеми, што би значело околу 100 милиони дози месечно во вториот квартал.

Во интервју за виенскиот дневен весник „Стандард“, фон дер Лајен предупредува и на предвремениот оптимизам поради новите мутации на вирусот.

– Најверојатно, ќе треба долго време да се справуваме со овој вирус на глобално ниво, но работиме со сите сили со цел што е можно побрзо да се излезе од кризата што ги оптоварува луѓето, објасни таа.