Еден загинат во сообраќајка во Струмица

0
82

48-годишен маж го загуби животот во тешка сообраќајна несрeќа која се случи попладнево на регионалниот пат Струмица – Берово во близина на раскрсницата кај селото Сарај. Во несрeќата учествувале патничко моторно возило и камион. Засега не е познато како дошло до неа и што ја предизвикало истата.

Од МВР само го потврдија настанот, но детали најавија по завршувањето на увидот. Она што во моментов е познато дека возачот им подлегнал на повредите на пат кон струмичката болница