ЕУ ја поддржува Македонија од почетокот на пандемијата, но за парите од фондот не ги исполни критеруми

0
93

Во врска со Фондот за солидарност на ЕУ, според нашите сознанија Македонија не ги исполни поставените критериуми во моментот на аплицирање.

Ова го наведоа Делегацијата на ЕУ во земјава во одговор на прашањето на МИА во врска со реакциите дека Македонија не е меѓу земјите, кои ќе добијат средства од пакетот финансиска помош од околу 530 милиони евра како дополнителна поддршка во рамките на Фондот за солидарност на ЕУ.

-ЕУ обезбеди одржлива помош за Македонија во справување со Ковид-19 од почетокот на падемијата. Конкретно обезбеди 226 милиони евра за покривање на медицински материјали и опрема, за поддршка на ранливите групи, бизнисите и невработените, како и за микрофинансиска помош, наведуваат од ЕУ делегацијата за МИА.

Потсетуваат дека неодамна се обезбедени и 70 милиони евра за набавка на вакцини и поврзана опрема за регионот на Западен Балкан.

-Ова доаѓа како дополнување кон Економскиот и инвестицискиот план дизајниран за поддршка на долгорочното закрепнување на економиите на земјите од Западен Балкан во вредност од девет милијарди евра, додаваат од ЕУ делегацијата