Жалбата на Камчев е одбиена, тој останува зад решетки

0
37

Бизнисменот Орце Камчев останува во притвор затоа што Кривичниот суд ја одби неговата жалба.

„Судскиот совет постапувајќи по жалбата на одбраната на против одлуката на судијата на претходна постапка од 14.03.2021 година донесе решение со кое ја отфрла и потврдува одлуката на судијата на претходна постапка каде на обвинетиот му е доделен 30 дена притвор “, велат од судот.

Камчев беше уапсен оваа недела по извештаите дека се подготвувал за бегство.

Обвинителката Лиле Стефанова побара притвор за Камчев.