Заев: Авансот го уплативме порано – вакцините за неколку денови ќе бидат товарени во авион

0
42

Денови се во прашање за товарење на пратката од Кина за Македонија, со илјадници дози вакцини – уверува премиерот Заев. По силните критики во јавноста, тој со смирувачки тонови објаснува дека повлечениот аванс даден за набавка на вакцини од „Синофарм“ не значи и дека не важи договорот. Не се знае за колку пари станува збор бидејќи тоа е деловна тајна од преговорите со кинезите, но тие сега се вратени на сметката на Министерството за здравство.

Во моментов во тек е вакцинацијата на медицинскиот персонал. Сите оние коишто секојдневно се во директен контакт со вирусот примаат дози од вакцината на „Фајзер“ која од Србија стигна во Македонија. Но, тоа е само мал дел од решавање на проблемот, сметаат младите лекари. Бесконечно одложување на масовната имунизација на населението е недопустливо и остава психолошки траги и кај лицата во бели мантили, исто како и сите луѓе кои очекуваат конечно да пристигнат вакцините во ситуација кога се наоѓаме пред нов бран на вирусот и соочени сме со разните мутации на вирусот.

Според доктор Кочовски, ќе останеме на некој начин затворени и во претстојното лето бидејќи нема изгледи дека населението ќе биде извакцинирано во доволен број до крајот на авугст, додека информациите од Европската унија се дека се подготвуваат т.н. Ковид-пасоши за патување во странски земји.

Преземено од Телма