Заев: Во Арачиново често има израз на насилство кога се бара да се наплати данок на имот

0
58

Премиерот Зоран Заев во гостувањето на Сител во однос на неплаќањето данок на имот во Арачиново уверува дека ниту една општина не наплаќа повеќе од 75 отсто од данокот. Според него, во Арачиново се плаќал данок, но процентот бил мал.

-Не е воопшто, се плаќа, но е многу мал процентот и треба граѓаните да го плаќаат данокот на имот. Таму има многу често има израз и на насилство кога се бара да се наплати данокот на имот и треба да се стави ред и поредок. Тоа е изворен приход на општината и треба да го направи. Општина Арачиново никогаш не се развивала така, како од 2017 се развива. Но, за жал најмногу со државни пари, вели Заев.

Премиерот уверува дека данокот на имот е само 2 отсто од целокупниот приход на општината. Според него, градските општини многу полесно се наплаќа данокот отколку во руралните.

-Јас апелирам до граѓаните, тоа не се многу пари, еднаш годишно се плаќа, да си ги плаќаат давачките и кон државата и кон општините.