Заев: До крајот на март ќе пристигнат 21000 од вакцините „Фајзер“

0
55

Договорот од „Фајзер“ стигна, до крајот на март ќе добиеме 21.000 доза од вакцините. Во вториот квартал од годината ќе добиеме поголеми количини. Не се работи за несериозност, знае нашиот народ дека се работи за недостаток на вакцини во целиот свет. Сакам да ги уверам граѓаните дека ние како Влада имаме направено повеќе од тоа што треба за да ги обезбедиме потребните количини. Имаме нарачано 800.000 од „Фајзер“, 833.000 дози преку Ковакс механизмот, потоа 400.000 од Кина, 200.000 од Русија. Исто така имаме дополнителни и од ЕУ преку грантот од 70 милиони евра за Западен Балкан како и најавени донации за соседите и со тоа стигаме до 2,5 милиони дози-Зоран Заев –Претседател на Влада

Според планот на Ковакс програмата Македонија треба да добие 100800 дози, а најпрво ќе се дели вакцината на „АстраЗенека“. Преку овој систем за годинава одобрена е набавка на околу 1,8 милијарди дози вакцини, што е за околу 500 милиони повеќе од планираното на крајот на минатата година, велат од ГАВИ, организацијата задолжена за координација на планот.

По брзина на имунизација на населението во регионот предничи Србија со повеќе од 20000 вакцинирани на 100000 жители. Заклучно со 25 минатиот месец Македонија на 100.000 жители имунизирала 80. Од регионот без ниту една доза за имунизација се Босна и Херцеговина и Косово. Најдобра во Европа во процесот на вакцинација е Англија, втора на листата е Србија.