Заев самиот предложи гласање за доверба на Влада по неколку информации дека Собранието нема мнозинство

0
71

Премиерот Зоран Заев од собраниската говорница побара гласање за доверба на Владата. Како што кажа Заев, ова е момент да се види кој навистина има мнозинство во Законодавниот дом.

– Ред е да се соочиме и расчистиме, да го видиме на дело толку најавуваното мнозинство од опозицијата која наводно ќе ја падне оваа влада. Ова е моментот кога ќе покажеме пред граѓаните колку има вистина од опизицијата, да видиме за што станува збор – стабилна власт со стабилно мнозинство или разнишана опизиција. Мора да е едното од двете ако не и двете заедно, рече Заев пред пратениците.