Законот кажува кога се Локалните избори, а не лидерите – Џафери со термин за избори

0
28

17 октомври е крајниот рок за одржување на Локалните избори, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Локалните избори имаат најран рок за гласање, а тоа е 3 октомври, додека крајниот рок е 17 октомври“, рече Џафери за ТВ 21.

Претседателот на Собранието, кој на оваа позиција доаѓа од редовите на ДУИ, рече дека е против откажувањето на Пописот за септември и дека треба да се спроведе според законскиот рок.

„Сите што сакаат да го одложат Пописот, треба да му се извинат на Али Ахмети. Јас сум против одложување на Пописот. Имавме избори среде пандемијата. Пописот е индивидуален акт, кога попишувачот оди во семејството и според протоколите го прави попишувањето“, вели Џафери.

Според него, одлуката за одложување на Пописот треба да се донесе во Собранието, а не во медиумите.

„Ако сега сум информиран дека има политички договор, ќе ја свикам седницата уште вечерва“, рече претседателот на парламентот Талат Џафери. Според него, одложувањето не се прави на прес-конференции, туку преку процедури.