Заразена жена од БиХ во полн автобус патувала за Германија, покажувајќи позитивен тест

0
29

Автопревозникот, чиј автобус во саботата бил вратен, рече дека на возачите при влегување во автобусот мора да им се прикаже ПЦР тест, што патничката го покажала.

„Тестот беше преведен на германски јазик, со што дијагнозата била напишана на латински јазик. Возачите не знаеја дека дијагнозата значи дека тестот е позитивен, па ја пуштиле во автобусот. Патничката успеала да ги мине и хрватската и словенечката граница, се до германската граница каде го одделиле нејзиниот тест и извршиле проверка, каде било откриено дека тестот е позитивен“, велат од оваа компанија, пренесе Кликс.

Тие наведуваат дека патничката веднаш била отстранета од автобусот, кој е задржан на границата, а сите патници без право на престој во Германија биле вратени во БиХ.

„Компанијата организираше друг автобус, кој ги презема патниците од границата на кои им е одобрен влез во Германија, 38 патници и се упатија кон дестинацијата, односно кон градовите каде патниците оделе. Другите патници кои беа вратени од границата затоа што немаат престој во Германија, 21 патник, тргнаа со наш автобус кон БиХ“, наведува компанијата.

Тие истакнаа дека се изненадени од ваквата постапка на патничката, која со своето несовесно однесување ги загрозила животите на 60 патници, двајца возачи и сите полицајци и цариници кои вршеле контрола и дека ќе поднесат тужба против неа.

„Здравствената установа што го извршила тестирањето исто така постапила несовесно. Вработените во таа институција само ѝ го предале тестот на пациентката и не извршиле никаква понатамошна постапка, што ѝ овозможило да тргне на пат во Германија. Патниците кои се вратени за БиХ, билетите може да ги користат за повторно патување, или можат да се јават во нашата најблиска филијала за да им извршиме поврат на средства“, наведува компанијата Кантиќ Туристик.