Захариева позитивна на коронавирус

0
36

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева има позитивен резултат од тест за ПЦР, соопшти Министерството за надворешни работи.

Од таму прецизираат дека таа е во добра општа состојба и ќе ги извршува своите должности од далечина.

Додека Захариева е во изолација, неа ќе ја заменува заменик-министерот Петко Дојков.