Заштитни карактеристики на македонските банкноти, ново едукативно видео на Народна банка

0
17

Во рамки на Глобалната недела на парите, Народната банка објави ново видео од серијалот едукативни анимирани видеа „Со Народната банка во светот на финансиите“, којшто се изработува со поддршка од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ).

Заштитни карактеристики на македонските банкноти

Видеото е достапно на: https://youtu.be/ReyEc-sCMcg

Видеото е достапно и на албански јазик на: https://youtu.be/9DGqB9RXdoI

Серијалот едукативни анимирани видеа „Со Народната банка во светот на финансиите“ е предвидено да содржи девет видеа и во нив се обработуваат актуелни теми од доменот на финансиите коишто ги засегаат сите граѓани како активни субјекти во финансиските текови, соопшти Народната банка.