Зголемениот број заболени деца недоволен аларм за воведување на нови мерки

0
19

Зголемувањето на бројот на позитивни случаи на Ковид кај децата не ги алармираше властите да воведат дополнителни мерки. Комисијата за заразни болести заклучи дека во моментов нема потреба од нови мерки. АЛСАТ упати прашања до Министерството за труд и социјална политика дали би ѝ предложила на комисијата затворање на детските игралишта како мерка за спречување на понатамошно ширење на случаите, но оттаму ни одговорија дека немаат надлежности во таа насока.

„Ние немаме овластување да преземаме мерки, ниту можеме да предложиме дополнителни мерки. Воведувањето дополнителни мерки е надлежност на Комисијата за заразни болести која проценува дали има потреба од такво нешто“, наведуваат од Министерство за труд и социјална политика.

Во Клиниката за детски болести во Скопје има 30 позитивни деца, 10 случаи повеќе од вчера. Утрово оваа клиника отвори уште два ката за прием на болни бидејќи досегашните простории не се доволни.

17 деца запишани во градинки од 19 септември до денеска биле позитивни на Ковид, како и 50 вработени. Во изолација во моментов се вкупно 1.245 деца кои одат во градинка и 165 лица кои работат во такви институции.