Избори во СДСМ, во Струмица гласаа 60% од членовите, Тетово 47%

0
22

Гласачките кутии беа отворени во 8 часот наутро во 230 избирачки места во 80 општини, соопшти Централната изборна комисија на СДСМ.

Заклучно со 12 часот, 32.198 членови гласаа од 68.999

„Од регистрирани 68.999 членови, до 12 часот своето право го искористија 32.198 члена. Излезноста до 12 часот е 46%. 54% гласаа во Прилеп, 47% во Тетово, 37% во Штип, 60% во Струмица, 45% во Ресен, 38% во Карпош, 48% во Ѓорче Петров,… “, објави Централната изборна комисија.

„Се почитуваат сите мерки и протоколи за здравствена заштита. Целиот процес е безбеден за здравјето на сите учесници “, соопшти Централната изборна комисија.

Гласањето се очекува да заврши во 19 часот, додека Зоран Заев е единствениот кандидат за претседател на партијата.